Американскиот претседател Џо Бајден се согласи да ѝ обезбеди на Украина напредни ракетни системи кои можат со прецизност да напаѓаат цели до 80 километри. „Ќе им обезбедиме на Украинците понапредни ракетни системи и муниција што ќе им овозможат попрецизно да ги погодат клучните цели на бојното поле во Украина“, напиша Бајден за Њујорк Тајмс на 31 мај. Бајден вели дека руската инвазија врз Украина ќе заврши преку дипломатија, но САД мора да обезбедат значајно оружје и муниција за да ѝ дадат на Украина највисока моќ на преговарачката маса.
САД нема да и достават на Украина ракетни системи
Соединетите држави се согласија да обезбедат артилериски ракетни системи со висока мобилност, познати како Химарс, откако Украина даде „гаранции“ дека нема да ги користат ракетите за да напаѓаат внатре во Русија, изјави висок претставник на администрацијата. Официјалното лице им рече на новинарите дека Химарс имаат дострел поголем од хаубиците што моментално ги има Украина. Тие ќе бидат дел од пакетот оружје вреден 700 милиони долари, кој се очекува да биде претставен на 1 јуни. Пакетот оружје вклучува и муниција, радари за контра оган, голем број радари за воздушно набљудување, дополнителни противтенковски ракети Javelin, како и противоклопно оружје, рече претставникот на администрацијата.
Руските сили во трка со времето, да го освојат Донбас пред да стигне европското оружје
Украинските сили би можеле да ги искористат ракетните системи и за пресретнување на руската артилерија и за отстранување на руските позиции во градовите каде што борбите се интензивни, како што е Сјевјеродонецк. Русија бележи зголемен напредок додека се обидува да ги преземе преостанатите делови од Донбас кои не се веќе контролирани од сепаратистите поддржани од Русија.