Во Грција од денеска без маски во затворени простории

Во Грција без задолжителната маска во сите затворени простори

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во сите затворени простори, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и градскиот јавен превоз. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис вчера изјави дека укинатите мерки не донесоа зголемен број новозаразени, а намален е бројот и на пациенти хоспитализирани на одделите за интензивна нега во грчките болници. Сепак тој ја остави отворена можноста на есен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население.

Грција го укинува ковид сертификатот во затворени простории, но не и за влез во земјата

Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека „логиката покажува дека ќе биде потребна вакцинација“, објаснувајќи дека тоа е најверојатното сценарио, а текот на пандемијата ќе одреди дали втората бустер доза ќе биде задолжителна или не. Министерот за здравство на Грција истакна дека најдоброто сценарио е и за Ковид-19 да постои сезонска вакцина како што постои за грипот, „за да не мора постојано да се повикува населението да се вакцинира“.

Пациентите со постковид симптоми ги наполнија болниците


Вакцинацијата со четврта доза во Грција веќе е започната, но само за одредени категории. Првично беше за постарите лица над 80-годишна возраст и за ранливите категории, а на почетокот на април Комисијата за имунизација препорача и граѓаните над 60-годишна возраст, особено оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 3.445.538 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 29.803 лица.