Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зекири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Апелациониот суд на денешното рочиште го потврди првостепеното решение за притвор.
Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зекири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.
Продолжен притворот за поранешниот генерален секретар во Владата Зекири
Кривичниот суд на 5 мај донесе одлука продолжување на мерката притвор за нови 30 дена за поранешниот генерален секретар на Владата, Зекири. Тој е е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април. За ова одлука следеше жалба, но таа беше одбиена.
Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.
Јавното обвинителство претходно соопшти дека е отворена истрага против двајца хрватски државјани и еден македонски висок функционер во Владата кој е првоосомничен и дека за нив од Судот побарале да им изрече мерка притвор. Владиниот функционер, со помош на хрватските државјани, според соопштението на Обвинителството, склучиле договор за консултантски услуги без соодветна постапка за јавна набавка.