Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека очекува формирање на нова Влада до крајот на јули. Тој додаде дека косултациите со политичките партии ќе почнат штом ќе завршат формалните процедури во Собранието.
„Мораме да се занимаваме со новите санкции и случувања во кои можно е повторно да бидеме оштетени, па ќе треба да молиме за помош кај нашите европски партнери“, изјави денеска Вучиќ по положувањето на заклетвата за нов претседателски мандат.
Вучиќ по разговорот со Путин: Србија ќе има поволна цена за рускиот гас
Тој изјави дека новата Влада ја очекува европски пат и дека тој како претседател ќе се посвети на тоа.
„Поврзано со украинската криза, прашањето поврзано со Косово може да биде уште потешко за решавање“ изјави тој.
Вучиќ изјави дека Србија „ не е политички неутрална“ и дека се наоѓа на европскиот пат и си ги знае своите обврски. Но „љубоморно ќе ја чува својата воена неутралност“ изјави Вучиќ опишувајќи ја Србија како „мал остров“ опкружен со земји опкружени со земји членки на НАТО.