Пендаровски- Ако сакаме одржлив напредок треба да го преобликуваме моделот за економски развој

Во периоди на нарушување на нормалноста, отпорноста зависи од нашата адаптибилност и одлучност. Ние треба да изградиме модел на економски раст отпорен на кризи, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на вториот ден од Скопскиот економско финансиски форум (СЕФФ) што се одржува во Скопје. Тој додаде дека одговорот на кризата треба да соодветствува со домашните специфики.

„Ако сакаме одржлив напредок, прв приоритет е, да го преобмислиме моделот за економски развој, доколку нашата амбиција не е само да опстанеме, туку и да напредуваме. Можеби краткорочно, според него, некои од овие политики ќе бидат болни, но долгорочно тие се неопходни и корисни, “ изјави Пендаровски.

Според него најдобро е да се изгради модел на економски раст што ќе биде отпорен на кризи.

Претседателката на ЕБОР во посета на Скопје

„Клучно е прашањето дали ќе има смирување и нормализација на ситуацијата или ќе треба да научиме да функиционираме во неизвесност. Економските, еколошките социјалните и безбедносните кризи во изминатите 20 години со кои се соочува човештвото се зголемија. Истовремено, глобалните мегатрендови како дигитализацијата, климатските промени и растечката нееднаквост, драстично ги менуваат правилата по кои функцонираат и индустријата и пазарот на трудот“, рече шефот на државата.

Пандемијата, дополни Пендаровски, го скрати времето за спроведување на политиките поврзани со целите на одржлив развој. Тој информира дела наредниот месец ќе се промовира рамката за развој „МКД2030“ што беше усвоена како заедничка платформа за иднината на државата.

Овој стратешки документ, како што вели Пендаровски, се базира на четири развојни приоритети: забрзување на економскиот раст од најмалку пет отсто, повисока заштита на животната средина и редефинирање на енергетската политика, сеопфатена дигитализација која ќе отвори простор за инвестиции и нови работни места, како и образование и инклузивен развој.