Борел- Ембаргото ќе ја принуди Русија да продава нафта по пониска цена

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вели дека шестиот пакет санкции на блокот против Русија, кои вклучуваат големи намалувања на увозот на руска нафта во блокот, не само што ќе влијае на количината на сурова нафта што Москва ќе ја продава во странство, туку и ќе ја намали цената на суровата нафта што им ја нуди на другите.

„Ние сме најважниот клиент за Русија“, изјави Борел при пристигнувањето на вториот ден од состаноците меѓу лидерите на ЕУ за војната во Украина.

Тој додаде целта е Русија да има помалку финансиски ресурси за да ја нахрани својата воена машина.

Лавров поканет на разговори во Ријад

Вчера доцна синоќа лидерите на блокот се согласија со пакетот санкции, кој се очекува да го намали увозот на руска нафта од ЕУ за повеќе од две третини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека санкциите мора да вклучуваат нафта.

ЕУ се договори за делумно ембарго на руската нафта

„За Русија да ја почувствува цената за она што го прави против Украина и цела Европа, и за конечно да станете независни од енергетското оружје на Русија“, изјави Зеленски.

Земјите-членки на ЕУ договорија нов пакет санкции со кој веднаш се намалуваат повеќе од две третини од увозот на руска нафта во блокот. Ова ембарго ја покрива само руската нафта која е транспортирана по море, дозволувајќи привремено ослободување за увозот испорачан со гасоводот.