Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска при работната посета на Соединетите Американски Држави во Пентагон ќе се сретне со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања Колин Кал, командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон И и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и неколку други воени функционери.
Стратешки дијалог со САД за подобра економија и побезбедна држава
Во соопштението од Министерството за одбрана, за време на работната посета на САД, министерката Петровска ќе има средба и со помошничката на државниот секретар и шеф на Бирото за воено-политички работи, Џесика Луис, во Стејт Департментот.
„ Со соговорниците ќе разговараме за транслатлантското партнерство, промовирањето на евро-атлантските вредности, актуелните геополитички случувања и безбедносни закани, но ќе стане збор и за проектите за модернизацијата на Армијата кои ги реализираме со значајна американска помош и американска опрема од најновата генерација,“изјави Петровска од Вашингтон.
Анџела Прајс Агелер ќе биде номинирана за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија
Агендата на министерката Петровска предвидува и учество на првиот стратешки дијалог помеѓу Северна Македонија и САД каде ќе биде дел од Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а во чиј состав ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска.