Волонтери кои чистеле плажа на грчкиот остров Скијатос откриле две пакувања во кои имало околу 2,5 килограми кокаин, објавија локалните медиуми. Волонтерите ја препознале содржината на еден од пакетите како недозволена супстанца и ја предале на пристанишната полиција, јавува германската новинска агенција ДПА.
Американско - македонска фирма за канабис двапати мета на грабеж
Првично на полицијата и дале еден пакет, а вториот завршил во ѓубре, но подоцна при проверка, полицајците го пронашле и вториот пакет.
Според полицијата, најверојатно пакетите биле фрлени во море до наркодилери кои биле под закана од полиција, па плимата ги довела до брегот. Полицијата тврди дека обвивката на пакетите биле скршена и дека дрогата била влажна.