Газпром утре ја прекинува испораката на гас за холандска ГазТера

Илустрација

Руската компанија Газпром од утре ќе ги прекине испораките на гас за фирмата ГасТера, делумно во сопственост на холандската држава, откако одбила да го плати гасот во рубљи.

„Газпром најави дека ќе го прекине снабдувањето од 31 мај 2022 година“, се наведува во соопштението на холандската компанија, во кое се додава дека предвиделе набавка на гас од друго место.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари и воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин на 31 март побара купувачите на руски гас од „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи или испораките ќе им бидат запрени.

Русија претходно прекина испораки на гас за Бугарија, Полска и за Финска.