Растат иранските залихи на збогатен ураниум

Иранските залихи на збогатен ураниум пораснале за повеќе од 18 пати од границата утврдена во нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили, се посочува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од 30 мај. Во него се наведува дека Иран продолжува со збогатувањето на ураниум до нивоа повисоки од ограничувањата од 3,67 отсто во договорот.

Залихите на ураниум збогатен до 20 отсто сега се проценуваат на 238,4 килограми, што е за 56,3 килограми повеќе од последниот извештај во март. Количината на ураниум збогатен до 60 отсто изнесува 43,1 килограм, што е зголемување за речиси 10 килограми.

Тоа е повеќе од она што МААЕ го нарекува „значајно количество“, дефинирано како „приближно количество нуклеарен материјал за кој не може да се исклучи можноста за производство на нуклеарна експлозивна направа“.

Иран го потврди преместувањето на нуклеарната центрифуга во подземна локација

За употреба на нуклеарно оружје се потребни ниво на збогатување од околу 90 проценти.

Западните сили велат дека Иран е се поблиску до тоа да може брзо да произведе нуклеарна бомба доколку сака, иако Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е за мирни потреби.

Последниот извештај доаѓа во време кога разговорите за заживување на историскиот нуклеарен договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили е во ќорсокак.