Лидерите на ЕУ за време на дводневниот Самит на Унијата нема да успеат да се договорат за забрана на руската нафта, рекоа лидерите за време на доаѓањето на Самитот кој започнува на 30 мај.
Повеќенеделната расправа за ова прашање се уште не е готова, иако лидерите начелно се согласуваат околу забраната, што се покажува и во нацрт текстот на договорот, но одлуката е оставена за подоцна.
„Се уште не сме стигнати до тоа“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дел Лајен. Таа е уверена дека постои можност за тоа.
Претходно естонската премиерка Каја Калас рече дека е реално да се очекува да има договор следниот месец.
„Мислам дека нема да постигнеме договор денеска. Ќе се обидеме да постигнеме договор до самитот во јуни, тоа е релаен пристап до сега“, рече Калас.
Следниот самит е закажан за 23 и 24 јуни.
Нацрт текстот на договорот кој е подложен на промени, потврдува дека евентуалниот шести пакет на санкции на ЕУ кон Русија вклучува забрана за увоз на нафта по морски пат. Но нафтата која се испорачува од нафтоводите од Унгарија, Словачка и Чешка ќе биде исклучена од овој сет на санкции.
Русија испорачува 40 отсто природен гас на ЕУ и 27 отсто од извозот на нафта, за што земјите на ЕУ годишно плаќаат околу 400 милијарди евра.