Соединетите Американски Држави нема да и достават на Украина ракетни системи со долг дострел што можат да допрат до цели во Русија, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.
Во новинските извештаи минатата недела се наведуваше дека администрацијата на Бајден се подготвува да испрати такви системи, кои украинските владини претставници ги бараа за борбата против Русија.
„Нема да испраќаме во Украина ракетни системи што можат да ја нападнат Русија“, изјави на 30 мај Бајден пред новинарите.
На 28 мај Си-Ен-Ен и Вашингтон пост пишуваа дека се разгледува можноста во Украина да бидат испратени два системи - Ракетен систем за повеќекратно лансирање или MLRS, и артилериски ракетен систем со висока мобилност, познат како HIMARS.
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека одлуката на Вашингтон да не испраќа ракетни системи е „рационална“.
Украинската влада го повика Западот да обезбеди повеќе оружје со поголем дострел за да направи пресврт во војната.