Претседателот на Собранието Талат Џафери апелира до колегите пратеници да се однесуваат државнички и да овозможат одблокирање на изборот на уставни судии за да може да се комплетира Уставниот суд и да продолжи со нормално функционирање и во полза на граѓаните, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието, по денешната средба во Уставниот суд.
Постапката за избор на нови уставни судии е заглавена во Комисијата за избори и именувања.
Џафери, на покана на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на работниот состанок на кој покрај него, присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од Кабинетот на Џафери.
Ако до декември не се изберат нови судии, ќе влеземе во уставна криза, порачан денеска претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.
Судот сега функционира со четири судии помалку отколку што е предвидено со Уставот.