За три дена 151 заразен со ковид и еден починат

Архивска фотографија

Во изминатите три дена (од 27.05 до 29.05.2022): регистрирани се 151 случај на заразени со ковид 19 од направени 2.335 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од новите случаи се регистрирани во Скопје – 109, во другите градови, пак, има едноцифрен број на заразени - Штип – 9, Битола и Охрид – по 5, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Тетово и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Кичево, Кочани, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 194 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г), едно лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302.013, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 535.