Опозициските демонстранти во Ереван се судрија со полицијата за време на протестот против начинот на кој ерменската влада се справува со спорот со Азербејџан за Нагорно-Карабах.
Видеото објавено од ерменскиот сервис на РСЕ покажува насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите, откако голема група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон во близина на владината канцеларија во центарот на Ереван на 30 мај.
Двајца полицајци се хоспитализирани, а 111 демонстранти се приведени, информираат од полицијата. Опозициските лидери рекоа дека неколку демонстранти се повредени, но ерменскиот сервис на РСЕ не можеше независно да го потврди тврдењето.
Опозициските партии со недели организираат протести со барајќи оставка од премиерот Никол Пахинијан, обвинувајќи го за лошо водење на преговорите со Азербејџан за спорниот регион Нагорно-Карабах.
Пашинијан се соочи со тешки критики откако тој и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се согласија во април да започнат со подготовка на мировен договор за решавање на конфликтот и да формираат заедничка комисија за демаркација на нивната заедничка граница. Пашинијан повторно се сретна со Алиев минатата недела на нова рунда разговори за идниот договор.
Ерменија изгуби контрола над делови од отцепениот азербејџански регион во војната во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Москва, надгледуван од руски војници.
За време на протестот на 30 мај, демонстрантите бараа да се сретнат со владините министри за да ги прашаат дали го гледаат Нагорно-Карабах како дел од Азербејџан.
Потпретседателот на парламентот и лидер на опозициската партија Ишхан Сагателијан ги повика владините службеници да се дистанцираат од Пашинијан за да не се сметаат за соучесници во „уништувањето на земјата“.
Покрај борбите во 2020 година, Азербејџан и Ерменија водеа крвава војна за Нагорно-Карабах во деведесеттите години на минатиот век.