„Менструалната хигиена не е привилегија“ и женска сиромаштија беше мотото на денешниот протест пред Министерството за финанасии организирано од неколку невладини организации. Тие бараат намалување на ДДВ за менструални производи од 18 на 5 проценти со цел намалување на таканаречената менструална сиромаштија, субвенционирање на цената на производи за менструација во основните и средните училишта и јавните тоалети на товар на буџетот. Тие своите барања ги доставија до Министерството за финансии. Организатори на денешниот протест беа невладините Собир на Мрежата за родово одговорно буџетирање, поддржана од Платформата за родова еднаквост и Period Movement Скопје