Иранските протести продолжуваат по растот на загинати од уривањето на зграда

Илустрација, архивска фотографија

Иранците продолжуваат со протести гневни поради растот на бројот на жртвите во уривањето на кулата во градот Абадан кој денеска се искачи на 31, откако во урнатините беа пронајдени телата на уште две жртви.

Државната новинска агенција ИРНА денеска објави дека двете нови тела биле пронајдени за време на спасувачката мисија и дека уште едно тело е лоцирано, но допрва треба да биде извлечено од под урнатините Официјални лица соопштија дека повеќе од 30 лица се водат како исчезнати во несреќата.

Приведени при протести на наставници во Иран

Уривањето на голем дел од 10-катната зграда на Метропол што беше во изградба е една од најсмртоносните такви катастрофи во Иран во последните години.

Несреќата предизвика еднонеделни протести во градот додека земјата веќе е оптоварена со немирите поради зголемените цени на храната и други економски прашања во услови на острите санкции воведени од Соединетите држави поради иранската нуклеарна програма.

Службеникот испратен од врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи на 29 мај беше исвиркан од демонстрантите, кои го нарекоа раководството на земјата „бесрамно“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во делови од Иран нема храна, нема настава за децата


Дневниот весник Хамшахри со седиште во Техеран и полуофицијалната новинска агенција Фарс соопштија дека демонстрантите ја нападнале платформата каде државната телевизија ја поставила својата камера, прекинувајќи го нејзиното емитување.

Абадан, во иранската провинција Кузестан, богата со нафта, е дом на иранското арапско малцинство, кое долго време се жали дека се третирани како граѓани од втор ред во земјата.