Пратеничката опозициска група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денеска, официјално ја поднесе Интерпелацијата за работата на Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Координаторот на групата Никола Мицесвски изјави дека оваа интерпелација е резултат на, како што вели, хаосот кој што се случува во Собранието, а е под директива на Џафери. Тој додава дека во изминатиот период се почесто се забележува прекршување на Деловникот со, како што вели, самоволието кое што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција.
„Во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само заради тоа што очигледно Џафери дефинитивно не сака или не знае капацитетно да води една демократска институција“, изјави Мицевски.
Тој ги повикува сите пратеници од овој парламентарен состав да се приклучат кон интерпелацијата за да стават крај на владението со оваа институција на човекот за кого вели дека ја присвоил функција и се однесувал како да има право да навредува, пцуе, омаловажува и да заклучува пратеници.
Апелот е упатени и до пратениците од СДСМ и мнозинството и да , како што вели Мицкоски да застанат во одбрана на Собранието на Република Македонија.
Нема оправдување за однесувањето на Талат Џафери, оценуваат екс спикери
Мицевски му порача на Тала Џафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност, а доколку повторно избега и не ја стави на седница ќе даде до знаење нема ни грам одговорност кон функцијата што ја извршува.
Собранискиот спикер пред неколку дена побара да се заклучат собраниските врати од салата, за службите да ги пребројат пратениците на 71 првата седница на која се распараваше по 15. точка од дневниот ред - Дополнет предлог закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Од неговиот кабинет реагираа дека спикерот не го прекршил Деловникот со образложение дека Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници.
Од кабинетот на Џафери ја обвинија опозицијата дека се обидува да создаде хаос во законодавниот дом.
На ова пак, претходеше аудио снимка којашто излезе деновиве по завршувањето на една од собраниските седници, а на која се слушаа пцовки и навреди од претседателот Џафери кон собраниските служби, за што Џафери изјави дека не чувствува вина и одговорност поради аудио снимката на која се слуша неговата кавга со службите.
Според него, грешката е кај службениците, бидејќи не работеле, а пцовките не биле кон вработените, туку кон односот што го имале кон работата.