Тетовските ученици ќе останат два дена дома поради густиот чад од пожарот во Македонија Табак

Пожар во Македонија табак во Тетово

Нема посериозно повредени луѓе при пожарот кој избувна во поранешната фабрика „Македонија Табак “ во Тетово. Надлежните велат дека во болница се јавиле неколку луѓе со потешкотии при дишење поради чадот од пожарот кој во 9 часот избувна во објектите на старата фабрика. Пожарот се уште не е изгасен и се шири кон маганицските простории на поранешниот индустриски објект.

Гори фабриката „Македонија Табак“ во Тетово

Општина Тетово преку секторот за образование донесе одлука во наредните два дена да не се одржи настава во училиштата поради загадениот воздух од чадот од пожарот.

„Апелирам до сите граѓани да останат дома, да не излегуваат од дома ако немаат некаква работа, не дека е критично, но поради загадување на воздухот да останат дома, да видиме што ќе се случи. Ние со пожарникарите сме на терен. Тие работат да го блокираат загадувањето на воздухот, да го локализираат пожарот“, изјави Бесар Дурмиши од Совет на Тетово.

На помош во гасење на пожарот учествуваат и пожарникарни возила од скопската противпожарна единица.

Служби на СВР Тетово веќе се испратени на местото на пожарот и ги преземаат сите неопходни мерки.

СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.