Стејт Департмент - На неколку Авганистанци од Косово не им е дозволен влез во САД

Косово, една група од авганистанските бегалци ја напушта Приштина

На неколку авганистански цивили кои привремено се сместени во Косово одбиено им е барањето за преселување во Соединетите Американски држави, потврди за РСЕ официлајно лицер од Стејт Департментот. Причината за тоа што неколкумина Авганистанци не го поминале потребните проверки.

„Додека мнозиството авганистански патници кои се поврзани со програмата им е одобрен влез во САД по силниот процес на проверки, вклучително и мнозинството на Авганистанци во Косово. Но, мал дел на поединци кио не го поминале системот на проверка, е само доказ дека системот навистина функционира баш како што треба. За Стејт Департментот најголем приоритет е безбедноста и сигурноста на американскиот народ“ , изјави официјалното лице за РСЕ.

Овој службеник не сакаше да коментира поедини случаи на кои во наредниот период може да им биде забранет влез во САД, но како што вели, додека постои системот на проверка, ќе има поединци кои нема да можат да влезат во САД.

Авганистанските бегалци во ОАЕ на протест за преселување во САД

Косово и САД се договорија во Приштина да бидат прифатени околу 2 илјади авганистански цивили на временски рок од една година. Овој договор стапи во сила на 25 август 2021 година. Во договорот е посочено дека покрај другото „САД се согласува ги префрли идентификуваните лида на друга локација во рок од 365 дена по нивниот влез во земјата“.САД