Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд кој преку денот ќе се прошири од запад кон исток и ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер, над 70 километри на час и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени, вредноста на УВ-индексот 6.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите повремено ќе бидат и во форма на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 24 степени.
Во иминатото деноноќие најголемо количество дожд било измерено на мерната станица Ѓуриште, каде биле регистрирани 54 литри на квадратен метар, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.