Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека сојузниците ќе го обезбедат потребното оружје, додека украинската војска се обидува да го запре напредувањето на руските инвазивни сили на истокот, каде според извештаите се водат жестоки борби во источниот град Северодонецк.
Во своето секојдневно видео обраќање доцна синоќа, Зеленски рече дека очекува „добри вести“ за испораката на оружје оваа недела, без да даде детали.
Зеленски рече дека воената ситуација во Донбас е многу комплицирана, додавајќи дека одбраната се задржува на повеќе места, вклучително и Северодонецк и Лисичанск, последните поголеми области, под украинска контрола во регионот Луганск.
Се известува дека руските инвазивни сили постигнале напредок во последните денови во источна Украина Донбас, кој ги опфаќа регионите Луганск и Доњецк.
Борбите за контрола на Северодонецк продолжуваат со нападите од страна руските сили, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Украинските сили и полицијата соопштија дека имало „значително уништување“ во Лисичанск.