Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите

Лига на шампиони

Реал Мадрид вечерва во Париз ја освои 14-тата титула европски шампион.

Победата против Ливерпул (0:1) ја донесе Бразилецот Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута.

Иако Ливерпул имаше повеќе шанси на натпреварот, херој на кралскиот клуб во финалето од Лигата на шампионите беше голманот Тибо Куртоа, кој не дозволи да биде совладан.

Во големото финале „кралскиот клуб“ беше подобар од Ливерпул, а решавачкиот гол на мечот го постигна Бразилецот Винисиус во 59. минута.

Тимот предводен од трофејниот тренер Карло Анчелоти имаше само четири удари кон голот на Алисон од кои само еден во рамки на голот и стигна до триумфот.