Земјотрес од 3,6 степени во тетовско

Илустративна фотографија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени утрово беше почувствуван во тетовско, во 9.11 часот по локално време.

Како што соопшти европскиот сервис „ЕМСЦ“, земјотресот се случил на 8 километри од Тетово.

Епицентарот бил во близина на тетовското село Брвеница, кое пак се наоѓа на околу 32 километри од Скопје.

Освен во околните места, земјотресот беше почувствуван и главниот град.