Швајцарскиот фармацевтски гигант Рош објави дека развил ПЦР тестови за откривање на вирусот на мајмунски сипаници, по повеќе случаи во региони во светот каде што болеста е невообичаена. Тестовите развиени од Рош не се наменети за пошироката јавност, туку се достапни за истражувања во поголем дел од светот. Тестовите беа развиени како одговор на случаите на инфекција со мајмунски сипаници кои неодамна предизвикаа загриженост, се вели во соопштението.
„Рош многу брзо разви нова серија тестови за откривање на вирусот на мајмунска треска и следење на неговото ширење“, изјави директорот на Одделот за дијагностика во Рош, се вели во соопштението. Неодамнешните нови повеќе од 250 случаи пријавени во 16 земји до 22 мај, според Светската здравствена организација, се нетипични, бидејќи се јавуваат во земји каде што мајмунските сипаници, болест која се пренесува преку шуга, не е ендемична.