Војници, дефицит и карантински журки
МАКЕДОНИЈА - Владата на денешната владина седница го утврди предлозите за измените на Законот за служба во Армијата, со кои е предвидено усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, како и утврдување на правото на остварување на пензија со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста.
МАКЕДОНИЈА - Ќе има генерален штрајк доколку не се исполни барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и доколку нема средба со премиерот и надлежните министри, најавува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
НОРВЕШКА - Новинарката Марија Овсјаникова која протестираше против руската инвазија на Украина со прекинување на преносот на вести во живо на руската државна телевизија во март, е наградена со наградата за човекови права Вацлав Хавел.
УКРАИНА - Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика владите и компаниите да го „убијат рускиот извоз“ како начин да се помогне Москва да стави крај на војната против Украина.
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска рече дека не го прекршил етичкиот кодекс и дека не чувствува потреба да се извини за пцовките за службениците за кои неодамна слушна и јавноста. Тој вели дека пцовките не биле наменети за собраниските службеници, туку за нивната работа.
РУСИЈА - Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет со кој им се дозволува на жителите на двата украински региони, Херсон и Запорожје, чии делови беа окупирани од руските сили за време на неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина, да добијат руско државјанство.
МАКЕДОНИЈА - Вработени во Управата за водење на матични книги, денеска протестираа пред Министерството за финансии со барање да се сретнат со претставници на Министерството. Пред десетина дена тие постигнаа договор со Министерството за правда, но сè уште немаат одговор за барањето за покачување на платите од Министерството за финансии.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот премиер Борис Џонсон прифаќа „целосна одговорност за сè што се случило“ на забавите во службени простории за време на карантинот поради коронавирусот, на кои и тој присуствувал.
ЕУ - Европската унија препорачува С. Македонија преку таргетирана поддршка на најранливите домаќинства и фирми да ги ублажи потенцијалните последици од економски шокови. А земјата треба на среден рок да почне да го намалува примарниот дефицит за да се врати на своето ниво пред кризата, односно 2019, препорачува ЕУ.