Сончево и многу топло време

Илустративна фотографија

Времето денска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 степени.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе продолжи сончевото и натпросечно топло време. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на некои места и невреме со град. Пад на дневната температура за неколку степени се прогнозира за во недела.