Македонскиот претседател Стево Пендаровски во рамки на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“.
Тој во своето обраќање истакнал дека руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметнала потребата Европската Унија да се фокусира на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на регионот, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот.
Пендаровски и Вучиќ ја поздравија одлуката на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА
„Потребно е да ѝ помогнеме на Украина, да ги убедиме и другите сојузници кои можеби имаат одредена доза на скептицизам. Политиката на „отворени врати“ не треба да важи само за НАТО, туку да се применува и за Европската Унија, вратите и на двете организации да останат отворени за украинскиот народ. Украинците се борат за сопствената слобода, но оваа борба е и за одбрана на демократските вредности. Ова е војна на една автократија против демократија. Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна, тогаш нема само да ја победи Украина“, изјави Пендаровски, додавајќи дека Северна Македонија во рамки на своите можности дава поддршка на Украина, од воена до дипломатска помош.
Во фокусот на дискусијата беше војната во Украина, но и чекорите што Европската Унија треба да ги преземе.
Фон Дер Лајен: Русија го користи како оружје ограничувањето на снабдување со храна
На панел дискусијата учествуваа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен и шефот на претседателската администрација во Украина, Андриј Јермак.
Учесниците на панелот, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, ја осудиле руската агресија и изразиле поддршка за украинскиот народ. Била истакната важноста од превенција на ескалација на конфликтот во Украина и неопходноста да се обезбеди заштита на НАТО сојузниците.