Претрес во домот на поранешниот проруски молдавски претседател

Поранешниот претседател Игор Додон

Молдавското обвинителство соопшти дека полиција врши претрес во домот на поранешниот претседател Игор Додон, по што ќе биде донесена одлука дали ќе биде приведен 47-годишниот политичар.

Портпаролката на обвинителството Маријана Черпек изјави дека куќата на Додон се претресува во негово присуство. Таа објасни дека Додон кој како политичар поддржан од Москва, беше претседател во период од 2016 до 2020 година бил приведен за време на рацијата 72 часа под сомнение за корупција, недозволено богатење, прифаќање политичко финансирање од криминална организација и предавство.

„Откако претресот ќе биде финализиран, обвинителите ќе одлучат дали тој ќе биде уапсен“, рече Черпек, додавајќи дека Додон не ужива имунитет од гонење како поранешен шеф на државата.

Молдавија забрани истакнување на руски воени симболи

На прес-конференција за ова прашање, членовите на Партијата на социјалистите на Додон рекоа дека акциите биле дел од „евтино шоу“ со цел да се одвлече вниманието на јавноста од сиромаштијата и социјалните прашања.

Додон, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, кого често го посетуваше во Москва, беше поразен во ноември 2020 година од прозападната Маја Санду, политичарка образована во САД, која се кандидираше за поблиски односи со Западот.

Избори во отцепениот молдавски регион Придњестровие

Кремљ изрази „загриженост“ околу информациите за истрага против Додон, при што портпаролот Дмитриј Песков ги повика молдавските власти да обезбедат почитување на неговите права.

Молдавија, една од најсиромашните земји во Европа, официјално поднесе барање за членство во Европската унија во март по неиспровоцираната инвазија на Русија од Украина. Молдавија, која има население од околу 2,6 милиони луѓе, прими повеќе од 472.000 бегалци од соседна Украина.