Новинарот на РСЕ, Владислав Јесипенко, кој отслужува долга затворска казна во Русија поради обвиненијата за шпионажа што тој и неговите поддржувачи ги отфрлаат, ја доби наградата за слобода на пишување, the PEN/Barbey Freedom to Write Award, која САД ја доделува на политички затвореници.
На Јесипенко, кој моментално отслужува шестгодишна затворска казна во руска казнена колонија за неговото известување во окупираниот од Русија Крим, наградата му беше врачена во отсуство на галата на ПЕН Америка во Њујорк на 23 мај.
Холивудскиот актер Мајкл Даглас им ја врачи наградата на сопругата на Јесипенко, Катерина и неговата ќерка Стефанија.
Неговата сопруга Катерина Јесипенко го започна својот говор за прифаќање на наградата во име на нејзиниот сопруг на англиски јазик, но потоа се префрли на украински поради, како што вели „моќта на овој јазик“, кој доби признание поради неговата употреба од украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорите пред светските лидери во врска со руската неисповоцирана војна во Украина.
„Мојот сопруг е зад решетки веќе 15 месеци. И тоа е само затоа што е новинар. Владислав знаеше дека известувањето од окупираниот од Русија Крим е опасно, но беше уверен дека луѓето заслужуваат да знаат што се случува. Да ја дознаете вистината. И јас целосно го поддржувам во тоа“, изјави таа.
Судот на Украина на Крим, наметнат од Русија, го осуди Јесипенко во февруари, по судење зад затворени врати.
Продолжен притворот на дописникот на Радио Слободна Европа на Крим
Јесипенко кој има двојно државјанство руско и украинско известуваше од Крим. Тој беше приведен во март 2021 година под сомнение дека собирал информации за украинските разузнавачи. Пред апсењето тој работеше во Крим пет години известувајќи за социјалната и еколошката состојба на полуостровот.
Јесипенко за време на судското сослушување сведочеше дека руските власти „сакаат да ја дискредитираат работата на хонорарните новинари кои навистина сакаат да ги покажат работите што навистина се случуваат на Крим“.
Претседателот на РСЕ, Џејми Флај, ја нарече пресудата „апсурдна “ во изјавата по објавувањето на казната.
„Како новинар кој не прави ништо повеќе од известување на фактите, тој на прво место никогаш не требаше да биде приведен, а уште помалку да биде подложен на физичка и ментална тортура што ја претрпе во изминатите 11 месеци“, рече Флај.
„Владислав треба веднаш да биде вратен дома кај сопругата и ќерката“ додаде тогаш Флај.
Активистите за заштита на слободата на печатот, вклучително и Комитетот за заштита на новинарите и репортери без граници, заедно со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и Стејт департментот на САД, се меѓу оние кои повикаа на итно ослободување на Јесипенко во отсуство на какви било докази за погрешно постапување.
Москва незаконски го анектираше Крим на почетокот на 2014 година и неколку недели подоцна ја фрли својата поддршка зад проруските сепаратисти на истокот на Украина.
На 24 февруари, Москва започна неиспровоцирана воена инвазија врз Украина. Во последниве недели, таа ги интензивираше своите бомбардирања на области на исток за да ја заостри и прошири контролата врз источните области каде што сепаратистите имаат упориште.