Навални- Путин ќе гориш во пеколот

Московскиот суд ја потврди 9-годишната затворска казна за опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој веќе е зад решетки поради претходна пресуда што тој и неговите поддржувачи ја нарекоа политички мотивирана. Навални учествуваше на сослушувањето на 24 мај преку видео-врска од казнената колонија во Владимирската област.

Критичарот на Кремљ, кој беше осуден на 9-годишна казна затвор во март годинава, додека веќе отслужуваше уште една затворска казна за друг случај, ја шансата на сослушувањето за со изјава да да ги осуди руските власти за започнувањето на тековната неиспровоцирана инвазија на Украина и да ги повтори неговите претходни изјави дека сите обвиненија против него се политички мотивирани.

„Вие, вашиот систем и Путин сте предавници на рускиот народ... Подготвен сум да седам во затвор за да докажам дека не се сите во Русија такви“, рече Навални пред судот.

„Она што го прави Путин е бесмислено. Еден луд крадец ја зафати Украина и никој не разбира што сака да прави со неа. Вашето време ќе помине и ќе гориш во пеколот“, додаде тој.

Навални беше осуден на 9-годишна затворска казна на 22 март, откако судот го прогласи за виновен за обвиненијата за проневера и непочитување, кои тој и неговите поддржувачи постојано ги отфрлаа како политички мотивирани.
Неколку соработници на Навални потоа беа обвинети за формирање на екстремистичка група. Многумина од нив ја напуштија земјата поради притисокот на руските власти.

Навални беше уапсен во јануари минатата година по неговото пристигнување во Москва од Германија, каде што беше лекуван од напад со отров кој што европските лаборатории го дефинираа како нервен агенс од советски стил.
Потоа му беше изречена затворска казна од 2 1/2 години за прекршување на условите од претходно условно ослободување поради неговото закрепнување во странство. Првобитната пресуда нашироко се смета за измислен, политички мотивиран случај.

Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин за неговото труење со хемиска супстанца во стилот на Новичок. Кремљ негираше каква било улога во нападот.

Меѓународните организации го сметаат Навални за политички затвореник. Европската унија, американскиот претседател Џо Бајден и други меѓународни претставници побараа од руските власти да го ослободат 45-годишниот критичар на Кремљ.