Заедничка литургија: СПЦ ја одобрува автокефалноста на МПЦ-ОА

Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ. Тој во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ

Заедничка литургија во храмот „Св.Климент Охридски“ во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград

Со литургијата чиноначалствуваа српскиот Патријарх Порфириј и поглаварот на МПЦ-ОД, архиепископот г.г. Стефан

Фотографија од заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Скопје, 24 мај 2022

Г.г. Стефан во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ

На заедничката литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје присуствуваа речиси сите влкадици од двете цркви

Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква

Патријархот на СПЦ Порфириј очекува дека сите помесни цркви ќе го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква - Охридската архиепископија

Сега на чекор синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени, рече патријархот Порфириј

Црквата не е некаква федерација од помесни цркви, туку од секогаш била една и единствена и обединета од светиот дух, како едно и единствено тело на човештвото. Навистина, Црквата се дели на помали географски целини кои се совпаѓаат со политичките граници кои овој свет ги исцртува за да биде нејзиното раководење полесно. И нашата 80 годишна заложба за самостојна црква никогаш немала за цел да не одвои од телото Христово, туку да ни дозволи и ние како некогаш слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ , рече г.г. Стефан

Двете земји и двата црковни народи оваа литургија ја означија како историски чин, со кој се потврди надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и обновувањето на канонското и евхаристиското општење