Минатата година е забележан „загрижувачки пораст“ на егзекуции во глобани рамки, и тоа во услови на олеснување на ограничувањата на движењето за време на пандемијата, соопшти денеска Амнести интернешнал. Во нивното соопштение е наведено дека во Иран го забележува најголем број убиства одобрени од државата од 2017 година па навака.
Бројот на егзекуции во глобални рамки забележа пораст од 20 проценти во однос на 2020 година, при што Иран го зазема најголемиот дел од порастот.
Во овие бројки не влегуваат егзекуциите извршени во Кина, Северна Кореја и Виетнамза кои Амнести верува дека е во илјадници.
Од вкупно 579 егзекуции извршени во 18 земји минатата година, Иран егзекутирал најмалку 314 луѓе, што е зголемување од 246 во 2020 година и највисокиот вкупен број во последните четири години, објави Амнести во својот „Извештај за смртни казни и егзекуции за 2021 година“.
Организацијата за заштита на правата рече дека поголемиот број се должи на зголемувањето на егзекуциите поврзани со дрога во Иран.
Амнести Интернешнл: Владите ја користат пандемијата за кратење на човековите права
„Иран воведе задолжителна смртна казна за поседување одредени видови и количества дрога - со што бројот на егзекуции регистрирани за прекршоци поврзани со дрога зголемен за повеќе од пет пати на 132 во 2021 година од 23 претходната година“, се вели во извештајот.
Во него е посочен и порастот на бројот на егзекутирани жени, кој се зголеми од девет на 14.
„Иранските власти продолжија со својот одвратен напад врз правата на децата со егзекуција на три лица кои биле на возраст под 18 години во времето на извршувањето на кривичното дело, спротивно на нивните обврски според меѓународното право“, се вели во извештајот.
Саудиска Арабија, пак, повеќе од двојно го зголеми бројот на погубени лица минатата година. Во извештајот на Амнести Интернешнл се наведува дека Саудиска Арабија оваа година ја засилила практиката со егзекуција на 81 лице за само еден ден во март.
„По падот на вкупното извршување на нивните егзекуции во 2020 година, Иран и Саудиска Арабија уште еднаш ја засилија употребата на смртната казна минатата година, вклучително и со бесрамно кршење на забраните воведени според меѓународното право за човекови права“, рече Агнес Каламар од Амнести.
„Нивниот апетит да го впрегнат џелатот на работа, исто така, не покажа знаци на намалување ни во првите месеци од 2022 година“, рече Каламар.
Според достапните податоци, Мјанмар, кој е под воена состојба, осуди на смрт околу 90 луѓе.
Најмалку 2.052 смртни казни беа изречени минатата година во 56 земји. Големо зголемување на бројот на смртни казни е забележано во Бангладеш, Индија, Демократска Република Конго, Египет и Пакистан.
Објавен извештај според кој Кина направила геноцид над Ујгурите
На позитивна нота, Амнести го истакна укинувањето на смртната казна во Казахстан.
„Во декември, Казахстан усвои закон за укинување на смртната казна за сите злосторства, што стапи на сила во јануари 2022 година“, се наведува во извештајот.
Според Каламар крајно време е , како што вели, оваа сурова, нечовечка и понижувачка казна да биде ставена само во историските книги.