Русија ја зајакнува офанзивата во источниот дел на Украина

Руските сили денеска го засилија нападот врз источниот украински регион Луганск, со што Москва влегува во четвртиот месец од инвазијата врз Украина. Во изминатиот период се чини дека Москва е фокусирана на обезбедување и проширување на своите придобивки во Донбас и јужниот брег.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди Украинците дека наредниот временски период ќе биде суров, особено во Донбас.

Дали војската на Украина може да продолжи да ги победува руските сили?

Зеленски на Светскиот економски форум во Давос изјави дека Русија извршила речиси 1.500 ракетни напади и над 3.000 воздушни напади врз Украина во првите три месеци од војната.

Британското разузнавање во својот дневен извештај на 24 мај соопшти дека Русите се обидуваат да го опколат Сјевјеродонецк, но исто така ги фокусираат своите напади врз Лишанск и Рубижне во истата област. Во извештајот се вели дека руските сили постигнале одредени локализирани успеси во областа со помош на интензивен артилериски оган, но украинскиот отпор е силен и командната структура на операцијата на Здружените сили на Киев останала под контрола на овој сегмент од фронтот.

Со заземањето на Сјевјеродонецк од страна на Русија, целата област Луганск ќе потпадне под руска окупација, се вели во извештајот.

„Следните недели од војната ќе бидат тешки и ние мора да бидеме свесни за тоа“, изјави Зеленски во своето синоќешно РУските Р обраќање откако регионалните лидери и жителите пријавија силни бомбардирања на истокот.