СЗО: Нема потреба од масовна вакцинација по појавата на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка

Архивска фотографија на лице заболено од мајмунска сипаница, мај 2003 година

Светската здравствена организација не верува дека епидемијата на мајмунска сипаница во Европа и Северна Америка бара масовни вакцини бидејќи мерките како добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира нејзиното ширење, изјави Ричард Пебоди, кој го предводи тимот на патогени со висока закана во СЗО Европа. Тој во интревју за новинската агенција Ројстерс изјави дека моменталните резерви на вакцини се релативно ограничени.

„Примарните мерки за контрола на избувнувањето се следење контакт и изолација“, изјави Пебоди.

Ризикот од ширење на мајмунски сипаници е „многу низок“

Јавните здравствени власти во Европа и Северна Америка истражуваат над 100 сомнителни и потврдени случаи на вирусна инфекција во најлошата појава на вирусот надвор од Африка. Тој вирус е ендемичен во Африка со децении.