Ризикот од ширење на мајмунски сипаници меѓу општата популација е многу низок и преносот може да биде запрен надвор од ендемичните земји во Централна и Западна Африка, изјавија денеска здравствени власти по регистрираните случаи во Европа и Северна Америка овој месец.
Помалку од 200 потврдени и сомнителни случаи се пријавени од почетокот на мај во Австралија, Европа и Северна Америка, објави Светската здравствена организација (СЗО), што предизвика страв од ширење на болеста.
Иако мајмунските сипаници се познати веќе 40 години, СЗО соопшти дека за прв пат има неколку случаи во исто време во повеќе земји и меѓу луѓе кои не патувале во регионите на Африка кои се ендемски.
Сепак, агенцијата на ОН соопшти дека епидемиите во неендемичните земји би можеле да бидат ставени под контрола и преносот на мајмунските сипаници од човек на човек.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), исто така, ги ублажи стравувањата од ширење во пошироката јавност.
Мајмунските сипаници, која обично не сс фатални, може да предизвикаат треска, болки во мускулите, отечени лимфни јазли, треперење, исцрпеност и осип на рацете и лицето.
Вирусот може да се пренесе со контакт со кожни лезии или преку капки телесна течност од заразено лице.
Не постои лек, но симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели. Оваа болест се смета за ендемична во 11 африкански нации.