Времето денеска: сончево со мала локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе биде од 19 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 27 степени.