Бајден во посета на Јужна Кореја

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден во рамките на неговата петдневна азиска турнеја, прва како претседател на САД, според неговите советници, носи јасна порака до властите во Кина, - не се обидувајте да го направите она што го направи Русија во Украина, особено не на Тајван. Бајден неколку месеци ги организира сојузниците да ја казнат Русија за нејзината инвазија врз Украина, која Москва ја нарекува „специјална операција“.

Бајден ги поддржа кандидатурите на Финска и Шведска за влез во НАТО

Тој денеска во Сеул ќе се сретне со новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, а потоа во Токио и со јапонскиот премиер Фумио Кишида, лидери кои споделуваат вознемиреност за Северна Кореја и Кина и се желни да ги надоградат своите долги сојузи со Вашингтон. Сеопфатните санкции против Русија нема да бидат толку едноставни против Пекинг. Кина е најголемиот трговски партнер на Јужна Кореја и најголемиот извор на стоки што Јапонија ги увезува.