Францускиот претседател Емануел Макрон ја повтори својата загриженост за ризикот од ширење на украинската војна во околните земји, за време на приемот на претседателката на Молдавија. „Не може да се исклучи ширењето на конфликтот во соседните земји“, изјави Макрон, мислејќи на „неодамнешните инциденти“ во молдавскиот регион Придњестровје, каде што веќе се стационирани руски војници. Тој ја пофали помошта што Молдавија им ја дава на бегалците од Украина. Макрон ги повика европските лидери да дадат брз прв одговор на барањето на Молдавија за членство во ЕУ.
Молдавија тврди дека има „внатрешни сили“ кои сакаат да го дестабилизраат регионот
Сепаратистите во Трансдњестар обвинуваат за напади со молотови коктели
Молдавската претседателка Маја Санду ја поздрави „иницијативата“ на Макрон за формирање европска политичка заедница, што, според неа, ќе ѝ овозможи на Молдавија да го „забрза“ пристапувањето во Европската унија. Таа рече дека разбира дека тоа е долг и сложен процес, кој бара многу труд и работа, дека Молдавија не бара да се скрати тој пат, дека е подготвена да се потруди. Молдавија аплицираше за членство во ЕУ на 3 март, истиот ден како и Грузија, додека Украина на 28 февруари.