Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини Русија дека ја користи храната како оружје во Украина со тоа што го држи за „заложник“ снабдувањето со храна не само за милиони Украинци, туку и за милиони ширум светот кои се потпираат врз украинскиот извоз. Во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации, Блинкен апелираше до Русија да престане со блокадата на украинските пристаништа. Русија ја нападна Украина на 24 февруари за да го спроведе она што Москва го нарекува „специјална воена операција“.
ОН би можеле да организираат „коридор“ за жито на Црното Море
ОН - Инвазијата врз Украина може да предизвика глобална прехранбена криза
„Се чини дека руската влада мисли дека користењето на храната како оружје ќе помогне да се постигне она што нејзината инвазија не го постигна - да се скрши духот на украинскиот народ“, рече тој. Војната во Украина предизвика глобалните цени на житарките, маслата за јадење, горивото и ѓубривата да се зголемат. Русија и Украина заедно имаат речиси една третина од глобалните резерви на пченица. Блинкен ги отфрли руските обвинувања дека западните санкции кон Москва.