Генерален штрајк на образовните работници во Косово

образовни институции во Косово во еднодневен штрајк

Сите образовни институции во Косово, освен градинките, денеска ќе стапат во еднодневен штрајк поради неуспехот на Владата да одговори на нивните барања. Обединетиот синдикат за образование, наука и технологија (УСОНТ) најави дека наставниците од целата земја ќе заминат во Приштина за да бидат дел од протестот. Од синдикатот посочуваат дека жалат за ваквата состојба, но дека таа е последица на неподготвеноста на Владата за дијалог и посветеноста во решавањето на барањата, кои ги нарекуваат легитимни, а се однесуваат на работниците во образованието, од градинките до универзитетите, културата, но и во другите сектори.

СОНК и МОН се договорија за 15 проценти повисоки плати во образованието

Тие ги повикаа родителите да не ги праќаат децата на училиште од безбедносни причини, бидејќи училиштата се без воспитно-образовен кадар. Тие го повторија својот повик до Владата на Косово да ги разгледа нивните барања за да нема причина да се движи кон уште порадикални акции. На 12 мај, Синдикатот за образование организираше едночасовен предупредувачки штрајк на сите нивоа на образование во Косово, кој; одговориле најголем број вработени во образованието.