Кавги, помирувања, датуми...
СРБИЈА / МАКЕДОНИЈА - Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање на денешната заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ во храмот Свети Сава во Белград, ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај, кога ја отстрани „повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.
КОСОВО - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово не може да се користи како пример кога се оправдува агресијата врз Украина, истакнувајќи дека станува збор за незнаење, напад на вистината, хуманоста и здравиот разум.
ЕУ - Европската унија има намера следниот месец да организира самит со лидерите од Западен Балкан, со цел да се промовира зголемен ангажман на ЕУ со регионот
ГЕРМАНИЈА / УКРАИНА - Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека напорите на Украина за влез во Европската Унија не може да се забрзаат и покрај руската инвазија, на што реагиреше Киев велејќи дека станува збор за второкласен третман.
МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Треба да бидат направени максимални напори за остварување на целта за отворање на пристапните преговри што е можно поскоро, изјави амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Дејвид Гир
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека употребата на ласерско оружје од страна на Русија во инвазијата на неговата земја, е знак за нејзин неуспех.
РУСИЈА - Руското Министерство за одбрана соопшти дека во последните 24 часа се предале 771 украински борец во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која беше последното упориште на Украина во опколениот јужен пристанишен град. Со тоа вкупниот број од 16 мај наваму се искачи на 1.630, кога Црвениот крст започна да ги регистрира.
УКРАИНА - Украинската војска соопшти дека руските сили започнале контранапади околу Харкив во обид да го вратат изгубениот терен откако биле вратени на границата, откако рускиот командант на елитната тенковска единица, наводно, бил суспендиран поради неговиот неуспех да го освои вториот по големина украински град.
ГЕРМАНИЈА - Министрите за финансии од земјите на Групата седум (Г7) започнаа состанок во Германија, додека се прават обиди да го зајакнат финансирањето за Украина, додека земјата се обидува да се справи со неиспровоцирана руска инвазија којашто ја попречи нејзината економија.