Руската инвазија на Украина наскоро би можела да предизвика глобална прехранбена криза која може да трае со години, предупредија Обединетите Нации.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека војната ја влошила неизвесноста околу снабдувањето со храна во посиромашните земји поради зголемените цени.
Некои земји би можеле да се соочат со долготраен глад доколку украинскиот извоз не се врати на предвоените нивоа, додаде тој.
Конфликтот ги прекина испораките на украинските пристаништа, кои од каде пред војната беа извезувани огромни количества масло за јадење, како и пченка и пченица.
Ова ја намали глобалната понуда и предизвика пораст на цените. Светските цени на храната се речиси 30 отсто повисоки во однос на истиот период минатата година, според ОН.
Говорејќи во Њујорк на 18 мај, Гутереш рече дека конфликтот во комбинација со ефектите од климатските промени и
ковид пандемијата, се закана десетици милиони луѓе да бидат погодени од несигурност за храна, вклучително неухранетост и масовен глад.
„Сега има доволно храна во светот ако дејствуваме заедно. Но, ако не го решиме овој проблем денес, ќе се соочиме со глобален недостиг на храна во наредните месеци“, додаде тој.
Тој предупреди дека единственото ефикасно решение за кризата е реинтеграцијата на украинското производство на храна, како и да бидат вратени на пазарот ѓубривата произведени и од Русија и од Белорусија.