Украинската војска соопшти дека руските сили започнале контранапади околу Харкив во обид да го вратат изгубениот терен откако биле вратени на границата, откако рускиот командант на елитната тенковска единица, наводно, бил суспендиран поради неговиот неуспех да го освои вториот по големина украински град. Во областа на населбата Велика Комишуваха, руските сили претрпеа значителни загуби и беа принудени да се повлечат на претходно окупираните позиции, објави на 19 мај Генералштабот на вооружените сили на Украина. Гувернерот на руската област Курск на 19 мај изјави дека едно лице е убиено, а други се ранети по, како што рече, украински напад врз село во близина на границата.
Русија тврди дека скоро 1.000 Украинци се предале во Азовстал
Британското Министерство за одбрана во својот дневен билтен за разузнавање на 19 мај соопшти дека генерал-полковник Серхи Кисел, кој командувал со елитната 1-ва гардиска тенковска армија, е суспендиран поради неуспехот да го заземе Харкив. Во извештајот на британското разузнавање се вели дека Кисел е само еден од високите руски офицери кои беа разрешени во последните недели поради нивните лоши перформанси во раните фази на инвазијата врз Украина. Меѓу другите руски команданти кои најверојатно се разрешени е и вицеадмиралот Игор Осипов, кој командуваше со руската Црноморска флота, по потонувањето на крстосувачот Москва во април, објави британското разузнавање. Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на руската војска најверојатно останува на функцијата, се вели во билтенот, додавајќи дека не е јасно дали ја задржува довербата на претседателот Владимир Путин.