Блинкен ќе претседава со СБ на ОН на состанок за храната

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе претседава со седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на врската помеѓу конфликтите и безбедноста на храната. Според најавите на официјален Вашингтон, Соединетите Држави сакаат да се погрижат растечката несигурност во храната да не создаде нов конфликт и нестабилност во кревките држави. Во пресрет на отворената дебата на Советот, Соединетите држави организираа во Њујорк министерски состанок на со цел повик за акција за глобална безбедност на храната. На настанот учествуваа министри за надворешни работи од многу региони и ги разгледаа итните хуманитарни потреби, како и начините за градење на идна отпорност.

УНИЦЕФ - Војната во Украина го влошува проблемот со тешката глад кај децата

Стејт департментот на САД соопшти дека во 2021 година, повеќе од 193 милиони луѓе ширум светот доживеале акутна несигурност во храната, што претставува зголемување за 40 милиони луѓе во однос на претходната година. Се предвидува дека до крајот на годината дури 40 милиони ќе бидат турнати во сиромаштија и несигурност во храната. Блинкен рече дека постојат различни причини за кризата со несигурност во храната, вклучувајќи ги климатските промени, ковид-19 и војната во Украина.