Грција го укинува носењето маски во затворен простор

Илустрација

Грција денеска соопшти дека од 1 јуни ќе го укине задолжителното носење маски во авиони и затворени јавни места,откако ги укина ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на Ковид-19 пред летото за време на туристичката сезона.

Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија овој месец дека маските за лице нема да мора да се носат на аеродромите и на летовите во Европа од 16 мај.

Но, правилата за носење маски се разликуваат по укинувањето на задолжителното барање, при што на авиокомпаниите им е кажано да ги охрабруваат патниците да користат маски на летовите до или од дестинации каде што се уште е потребно носење маска во јавниот превоз.

„Задолжителното носење маски останува во болниците, домовите за стари лица и урбаниот транспорт како автобуси, метро и трамвај“, рече министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.

Тој додаде дека експертската комисија следната недела ќе ја објави својата одлука дали патниците кои се превезуваат со траект ќе треба да носат маски.

На почетокот на март, Грција го укина условот за носење маски во ресторани, барови и клубови.

Здравствените власти денеска објавија 4.626 случаи на Ковид-19 и 19 починати лица, со што вкупниот број на инфекции во земјата е 3.406.553 милиони, а бројот на смртни случаи 29.619.