Специјализираните совети за Косово во Хаг денеска го осудија лидерот на Здружението на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хисни Гучати на четири и пол години затвор и парична казна од 100 евра, а иста казна доби и Насим Харадинај. Обвинителството за двајцата побара шест години затвор.
Гучати и Харадинај се прогласени за виновни за кривични дела против правосудството, односно за попречување на службени лица во вршење на службената должност, заплашување на сведоци и повреда на тајноста на постапката. Тие беа ослободени од точката која ги товареше за одмазда.
Пресудата го вклучува времето поминато во притвор во Хаг, од 25 и 26 септември 2020 година.
Обвинетите присуствуваа на седници на два Специјализираните совети во Хаг, со кои претседаваше американскиот судија Чарлс Л. Смит.
„Панелот утврди дека во септември 2020 година Гуцати и Харадинај откриле доверливи информации на три прес-конференции, на над дваесет настапи во медиумите и преку соопштенија на социјалните мрежи поврзани со истрагите и работата на Специјалната истражна работна група на Специјалното обвинителство.
Овие информации беа заштитена со закон, а содржеа имиња на стотици сведоци и потенцијални сведоци.
Обвинетите овие информации ги откриле со приложување на документи кои ги содржеле тие информации; им дозволиле на други лица да ги гледаат, снимаат, фотографираат и јавно ја опишувале нивната содржина.
Покрај овие дејствија, советот утврди дека обвинетите јавно ги нарекувале сведоците „предавници“, „шпиони“, „соработници“ и лица кои „говорат само албански“, се вели во соопштението на Специјализираните совети за пресудата.