Климатските промени ги зголемуваат шансите за рекордни температури во Индија и Пакистан

ПАКИСТАН - Пакистански номади носат вода до своите куќи во маглива вечер на периферијата на Исламабад

Шансите за рекорден топлотен бран во северозападна Индија и Пакистан се зголемени за над 100 пати поради климатските промени, се вели во студијата на „Met Office“ - национална метеоролошка служба на Обединетото Кралство.

Регионот сега треба да очекува топлотен бран кој ќе ги надмене рекордните температури забележани во 2010 година.

Без климатските промени, таквите екстремни температури би се случиле само еднаш во 312 години, велат од Метеоролошката служба.

Синоптичарите велат дека температурите во северозападна Индија во наредните донови би можеле да достигнат нов максимум.

Новата анализа предупредува дека четири клучни индикатори за климатските промени поставиле рекорди во 2021 година, а тоа се концентрациите на стакленички гасови, зголемувањето на нивото на морињата, топлина на океаните, како и закиселување на океаните.

Оваа анализа доаѓа како извештај за состојбата на климата на Светската метеролошка организација во одделот за наука и атмосфера на Обединетите нации.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го опиша извештајот како „мрачна литија на неуспехот на човештвото да се справи со климатските нарушувања“.

Екстремните топлотни бранови пред монсуните во регионот на северозападна Индија и Пакистан благо се намалија во последните недели, откако највисоката температура во Пакистан во саботата достигна 51 степен.

Но, се чини дека жештината повторно ќе се зголеми кон крајот на оваа недела и во текот на викендот, предупредува Одделението за глобално насоки на Метеоролошката канцеларија.

Се наведува дека максималните температури на места најверојатно ќе достигнат до 50 степени, со продолжување на многу високите температури во текот на ноќта.