Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Финска и Шведска официјално поднеле барање за членство во Западната алијанса поради загриженоста за руската војна во Украина. „Топло ги поздравувам барањата на Финска и Шведска за влез во НАТО. Вие сте нашите најблиски партнери“, им рече Столтенберг на новинарите на 18 мај, откако ги прими писмата за апликација од амбасадорите на двете нордиски земји. НАТО го оцени потегот како „историски ден“.
Како жителите на источна Финска реагираат на кандидатурата за НАТО
Со апликацијата започна процес кој се очекува да трае неколку недели, иако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази резервираност за приклучувањето на Финска и Шведска. Доколку се решат турските приговори, двете нордиски земји би можеле да станат членки во рок од неколку месеци, со што ќе се забрза процесот кој обично трае од осум до 12 месеци.
НАТО сака да го забрза пристапниот процес со оглед на близината на двете нордиски земји со Русија и агресијата на Москва против Украина.