Половични се шансите годишната просечна глобална температура привремено да достигне 1,5 °C над прединдустриското ниво во најмалку една од следните пет години - а веројатноста се зголемува со текот на времето, според новото ажурирање на климата издадено од Светската метеоролошка организација (СМО). Во документот се наведува дека постои 93 процентна веројатност најмалку една година помеѓу 2022-2026 година да стане најтоплата досега и да ја отфрли 2016 година од првото рангирање. Шансите петгодишниот просек за 2022-2026 година да биде поголем од последните пет години (2017-2021) е исто така 93 насто. Годишното ажурирање ја користи стручноста на меѓународно познатите научници за климата и најдобрите системи за предвидување од водечките климатски центри ширум светот за да произведе активна информација за носителите на одлуки.
Многу сонце, а мала искористеност за производство на струја
„Се додека продолжуваме да испуштаме стакленички гасови, температурите ќе продолжат да растат. Покрај тоа, нашите океани ќе продолжат да стануваат потопли и покисели, морскиот мраз и глечерите ќе продолжат да се топат, нивото на морето ќе продолжи да расте и времето ќе стане поекстремно. Затоплувањето на Арктикот е непропорционално високо и она што се случува на Арктикот влијае на сите нас“, вели генералниот секретар на СМО, проф. Петери Талас. Парискиот договор поставува долгорочни цели да ги насочи сите нации значително да ги намалат глобалните емисии на стакленички гасови за да го ограничат глобалното зголемување на температурата во овој век на 2 °C, додека продолжуваат напорите да се ограничи зголемувањето уште повеќе на 1,5 °C.